Град Скопје: СДСМ зборува за претпријатието кое го руинираше и го остави со 3,9 милиони евра финансиска дупка

Од:

Од Град Скопје реагираат на соопштението на СДСМ, во врска со Јавното сообраќајно претпријатие.

„Ниедна лага од СДСМ нема да го испере срамот кој го ставија во Градот Скопје. Корупциските скандали, бројните злоупотреби од претходното градско раководство и директорите на претходниот градоначалник Шилегов кои трошеа и правеа огромни сметки за лични луксузирања нема да бидат покриени со лажните соопштенија за нечии оставки со кои се манипулира јавноста.

Милионските долгови, организационскиот хаос и негрижата за вработените се она кое СДСМ и претходното градско раководство го оставија во јавните претпријатија.
СДСМ зборува за претпријатието кое го руинираше, го остави во 3,9 милиони евра долг, со неподмирени долгови кон добавувачите до преку 240 милиони денари, со само 140 возила за цело Скопје, со негрижа кон барањата на скопјани и вработените во претпријатието, со редуцирани возни редови, правејќи непродуктивни трошоци и очајна финансиска состојба.

Во ЈСП за шест месеци е направено тројно повеќе отколку што претходниот градоначалник и поранешниот директор направиле за целокупниот нивен мандат. Зголемен е вкупниот приход за цели 65% во споредба со истиот период минатата година, а остварени се приходи од тековното работење во висина од над 45 милиони денари, се со цел вистинско консолидирање на ова јавно претпријатие кое е во служба на сите граѓани“, велат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Марковска Илиевска: Стевчо вети катни гаражи, ама не направи ниту една, сега пак ги ветува истите

Ѓорѓиевски: Аеродром добива нов кружен тек, нов мост и уште многу други инфраструктурни проекти

ЈСП има нафта уште за денеска

Пуцко Петрол не доставува нафта за ЈСП: Уценетиот Асмир Јахоски учествува во креирањето хаос, обвинува Град Скопје

Катерина Ѓуровски

Листа на кандидати за советници на ВМРО-ДПМНЕ за Советот на Град Скопје

Горан Наумовски

Автобусите на ЈСП денеска возат по неделен возен ред

Горан Наумовски