Брнабиќ: Србија донира три милиони евра помош за децата и раселените лица од Украина

Од:

Српската премиерка, Ана Брнабиќ, денеска преку видео врска учествуваше на Меѓународната донаторска конференција за Украина што се одржува во Варшава, Полска, на која Србија донираше три милиони евра за помош на децата и раселените лица внатре и надвор од Украина, јави дописникот на МИА од Белград.

„Србија е свесна за важноста и потребата да се обезбеди хуманитарна помош за цивилите во конфликтни ситуации, особено на децата како исклучително ранлива категорија на населението. Затоа, Србија ќе додели хуманитарна донација во износ од три милиони евра за помош на децата, како и на раселените лица во и надвор од Украина, кои ќе бидат испратени преку системот на ОН, од кои 1,5 милиони преку Фондот за деца на ОН (УНИЦЕФ) и 1,5 милиони преку УНХЦР“, соопштија од српската Влада.

Брнабиќ изјавија дека Србија од почетокот на конфликтот посветува посебно внимание на последиците на цивилното население, тешката хуманитарна ситуација и зголемувањето на бројот на бегалци и внатрешно раселени лица, и додаде дека е потребно создавање на услови за испорака на хуманитарна помош и поддршка на сите напори за прекин на конфликтот.

Таа потсети дека Србија на 24 март гласаше за усвојување на Резолуцијата за хуманитарните последици од агресијата врз Украина во Генералното собрание на ОН. Исто така, на 27 февруари, Владата на Република Србија донесе одлука за обезбедување хуманитарна помош за загрозеното население на Украина и за прв пат го активира Механизмот за привремена заштита на раселените лица кои доаѓаат од таа земја.

-Граѓаните на Србија сочувствуваат со граѓаните на Украина во нивната желба да се вратат во нормален живот во кој идните генерации ќе живеат без страв од војна, порача Брнабиќ во своето обраќање, соопштија од срспката влада.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Кос: Украина до крајот на 2025 може да ги отвори кластерите за пристапување во ЕУ

Украински дрон уништи руски бомбардер со долг дострел Ту-22М3

Дугин: Украинците се патетични, глупави неверни губитници без љубов, националисти без нацијa

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

Калас: Нападите на Русија врз Украина се интензивираа по понудата за прекин на огнот