Ерменската полиција денеска приведе десетици демонстранти кои бараа оставка од премиерот Никол Пашинјан, кој според нив направил неприфатливи отстапки пред Азербејџан во врска со Нагорно Карабах.
Во последниве денови, Јужен Кавказ стана место на улични протести. Демонстрантите ги блокираа главните патишта во главниот град Ереван и повикаа на граѓанска непослушност.
Полицијата во Ереван соопшти дека до пладне привела 49 лица.
Пашинјан беше под сериозни критики откако Ерменија беше поразена од Азербејџан во шестнеделната војна во 2020 година и изгуби значителна територија во и околу Нагорно-Карабах.
Минатиот месец Азербејџан објави дека е подготвен да преговара за мировен договор со Ерменија, но дека треба да се откаже од какви било територијални претензии кон неа.
Извор: МИА