Шведско-ирански академик осуден за шпионирање за Израел ќе биде погубен во Иран кон крајот на овој месец, јавија денеска локалните медиуми, пренесе Бгнес.
Ахмад Раза Џалали, кој работел во Институтот Каролинска во Стокхолм, беше уапсен во април 2016 година за време на посетата на Иран.
Тој беше осуден на смрт во 2017 година, откако беше прогласен за виновен за предавање информации за двајца ирански нуклеарни научници на израелската шпионска агенција Мосад, што доведе до нивни убиства.
Повикувајќи се на информирани извори, иранската агенција ИСНА јави дека неговата смртна казна ќе биде извршена до 21 мај.
Џалали доби шведско државјанство во февруари 2018 година додека беше во притвор, неколку месеци откако Врховниот суд на Иран ја потврди неговата смртна казна.
Извор: МИА