Османи во одбрана на Арифи: Таа е жртва на лажни вести, не била предлог за амбасадор, за во Брисел имало само размислувања

Од:

Со барање медиумите да бидат внимателни кога објавуваат вести, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја убедуваше јавноста дека ексградоначалничката на Тетово, Теута Арифи, никогаш не била предлог за амбасадор. По низата критики на сметка на Арифи и МНР, Османи рече дека граѓаните биле жртва на лажни вести и достоинството на ексградоначалничката.

„Никогаш немало предлог за Теута Арифи да биде амбасадор во Анкара. Вчера беа објавувани информации без да се бара став од МНР. Немало размислување, предлог, ниту одбивање. Ниту предлог во Вашингтон. Немало формализиран предлог за во Брисел, имало само размислувања. Три дена се споменува име, места, дека се одбиени агремани, и покрај тоа што пуштивме соопштение, за второто не бев прашан, така да, да внимаваме, во однос на споменување на имиња. Јас не можам да коментирам имиња, но бидејќи беше спомената Арифи, да кажам дека немало таков предлог“, рече Османи.

Тој посочи дека кога влегле во политиката, како политичари, биле свесни дека ќе бидат жртви на лажни вести.

„Ве замолувам да внимаваме, затоа сум толку транспаретен, ние работиме со луѓе. Важно е кога луѓето ги ставаме на тапет без проверени информации“, кажа Османи.

МНР досега секогаш се повикувало дека предлозите за амбасадори и конзули се тајни и не можат јавно да се презентираат додека не бидат официјални. Бидејќи предлозите се верифицираат на затворени седници на Влада, јавноста никогаш нема увид кој се испраќа да ја претставува Македонија, а кој не е прифатен од земјата каде бил пратен да извршува функција.

Би можело да ве интересира

Отповикани седум амбасадори со укази на претседателката Сиљановска Давкова

А1он

Засега нема македонски државјани што побарале помош или евакуација од Либан

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ

Демаршот на бугарскиот амбасадор ќе биде врачен од директорот на Директоратот одговорен за регионот, а не од министерот Муцунски

Македонската амбасадорка во Софија повикана во бугарското МНР поради изјавите на вицепремиерот Николоски