Секое петто дете е малтретирано на интернет, објави Гардијан повикувајќи се на анкета. Во резултатите од анкетата на британското Национално друштво за превенција од малтретирање деца се вели дека 10 отсто од младите меѓу 11 и 16 години секој ден се предмет на напади од страна на т.н. интернет тролови.
Тие повикуваат да се направи стратегија за борба со малтретирањето преку интернет. Повиците се упатени по серија самоубиства на тинејџери заради малтретирање на социјални мрежи, вклучувајќи несоодветни коментари, објавување фотографии од сексуални напади или закани за убиство и сексуално насилство.
Четири случаи на самоубиство беа на млади луѓе членови на социјалната мрежа создадена во Летонија аск.фм. Тами на пример, еден член му напишал на друг дека го вклучил во списокот на луѓе за силување. Друг се заканувал на пријател на мрежата да внимава што прави оти ќе го силува.
Пред извесно време, британскиот премиер Дејвид Камерон повика луѓето да ги бојкотираат таквите социјални мрежи и од компаниите побара да не објавуваат реклами на тие мрежи.