Успеавме да останеме солидарни и никој да не биде изоставен како и да ја задржиме стабилноста на нашата економија без да ги нарушиме нашите социјал-демократски вредности. Успеавме да ги задржиме нашите работници на своите работни места како и да ја одржиме ликвидноста на компаниите, односно економијата што се потврдува со остварените приходи на крај на февруари кога беа за 14% повисоки од истиот период лани, а на крај на март беа 16,86% повисоки од минатата година. Овој тренд се задржува и во април месец рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на прес конференција по повод „100 дена Влада“.
– Ги започнавме преговорите за потпишување на нов Општ колективен договор со кој ќе го утврдиме усогласувањето на платите во јавниот сектор со минималната плата но истовремено ќе го отвориме прашањето и конечно и дефинитивно ќе воведеме реформи за рационализација и продуктивнос на јавниот сектор, затоа што секој кој што работи заслужува достојно да биде платен, но и секој граѓанин заслужува да добие услуга која ќе е навремена, квалитетна и професионална. Новата методологија, по која ќе се прават усогласувања два пати годишно во април и во септември, предвидува при усогласувањето предвид да се земаат трошоците за живот со 50% и просечната плата со 50%. Ова е начин како да се обезбеди континуиран раст на пензиите во иднина, без потреба од дополнителна интервенција вели Битиќи.