Битиќи: Ако треба, ќе подготвиме и седми пакет економски мерки

Од:

Треба да работиме на креирање на модели кои долгорочно ќе и помогнат на текстилната и кожарската индустрија да се подобри нивната состојба, а тоа може да се постигне со технолошко унапредување на работните процеси и да не бидат толку трудоинтензивни, туку нивните продукти да бидат поконкурентни на глобалниот пазар. На тоа во наредниот период заедно ќе работиме со Организацијата на работодавачи, синдикатите, коморите и другите асоцијации, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

-Ја следиме состојбата со пандемијата и со економската криза во текстилниот и кожарскиот сектор и во сите други сектори. Императив ќе ни биде да излеземе од кризата со најмалку можни последици што значи да ги зачуваме сите работни места, но и да работиме да ги вратиме на пазарот на труд и тие кои ќе ги загубат своите работни места. Го спроведуваме петтиот пакет на економски мерки, а веќе излеговме и со шести. Ако е неопходни ќе следи и седми пакет за одредени дејности. Размислуваме, разговараме и гледаме можности дали и каков би требало да биде следниот пакет на поддршка, рече Битиќи во одговор на прашање по увидот на зафатната градба на Хидросистемот Злетовица за водоснабдување на Штип, Свети Николе, Лозово и Карбинци заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопнаство Аријанит Хоџа.

Повтори дека Владата одамна кажала оти во оваа криза ќе го поддржи кој било работодавач или кој било работник.

-Ќе останеме заедно до крај додека излеземе од оваа криза. Тоа значи ако навистина е потребно, а веќе ги согледуваме последните финансиски податоци од април и движењата во различните сектори и дејности, во мај или јуни ќе излеземе со нов пакет, истакна Битиќи.

Во февруари, како што кажа, околу 11.900 компании со 38.000 вработени побарале економска помош, а во март нивниот број се намалил на околу 11.300 компании со 35.000 вработени.

-Се процесуираат последните барање, но сепак бројките укажуваат дека се намалува бројот на компании кои се корисници и бараат поддршка, како и вкупниот број на вработени кои се опфатени со финансиската поддршка на плати. Деновиве ќе направиме и анализа од кои дејности доаѓаат за да знаеме подетално со кои евентуално нови мерки би требало да се поддржат, прецизира Битиќи.

Би можело да ве интересира

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов

Битиќи ќе поднесе преставка до КЗК за да се провери дали трговците здружено ги зголемувааат на цените на производите

Катерина Ѓуровски

Вицепремиерот Битиќи не очекува УЈП да стапи во генерален штрајк

ВМРО-ДПМНЕ: За народот криза и сиромаштија, за сопругите на Битиќи и Муслиу стотици илјади евра за проекти

Битиќи: Се справивме со предизвиците и го заштитивме стандардот на граѓаните