Со заедничка презентација во Софија и во Скопје ќе биде промовиран новиот клуб за бугарско-македонско пријателство. Промоцијата е закажана за вторник.
Според најавата во клубот од македонската страна ќе бидат поранешните премиери Владо Бучковски и Љубчо Георгиевски како и Катерина Колозова, политикологот Љупчо Петковски, новинарите Марјан Николовски и Столе Наумов, историчарот Драган Зајковски.
Меѓу основачите на клубот од бугарска страна се: писателите Алек Попов и Чавдар Ценов, универзитетските професори Александар Ќосев, Ивајло Дичев и Маја Грекова, новинарите Бојко Станкушев, Иво Беров и Димитар Кенаров, експертот за одбрана Велизар Шаламанов, економистите Красен Станчев и Евгени Кнев, тенисерката Мануела Малеева, режисерот Јавор Гардев, советникот на претседателот Жељу Желев за етнички прашања Михаил Иванов.