Видодо: Путин прифати да присуствува на Самитот на Г-20 во ноември

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин ја прифати поканата да присуствува на Самитот на Г-20 што ќе се одржи на индонезискиот остров Бали во ноември, изјави денеска индонезискиот претседател Џоко Видодо, објави Си Ен Ен.

– Индонезија сака да ги обедини Г-20. Да не се дозволи да има поделеност. Мирот и стабилноста се клучни за закрепнување и развој на светската економија, истакна Видодо.

Тој го покани и украинскиот претседател, Володимир Зеленски да присуствува на Самитот. Зеленски на Твитер се заблагодари за поканата, но не прецизираше дали ќе отпатува за Бали.

Претходно, индонезискиот претседател телефонски разговараше и со Путин и со Зеленски. Тој му кажал на Путин колку е важно веднаш да се стави крај на војната во Украина, но го известил и за желбата на Индонезија да придонесе за мирно решавање на конфликтот.

Индонезискиот претседател на Зеленски му понудил хуманитарна помош за Украина, но не и воена, што според него, е забрането со индонезискиот Устав и со надворешнополитичките принципи на земјата.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот