Најмалку 12 Палестинци повредени во судири со израелската полиција во Ал Акса

Од:

Најмалку 12 Палестинци се повредени денеска во судири со израелската полиција во комплексот на џамијата Ал Акса во Ерусалим, соопшти палестинската Црвена полумесечина.

Израелската полиција соопшти дека интервенирала и испукала гумени куршуми и шок бомби, откако стотици луѓе фрлале камења и пиротехнички средства во правец на Западниот ѕид, каде што се одржувала богослужбата на еврејските верници.

„Ќе продолжиме да дејствуваме одлучно против бунтовниците и одметниците заради јавната безбедност“, се вели во соопштението на полицијата.

Во текот на овој месец имаше речиси секојдневни судири во џамијата, бидејќи исламскиот Рамазан се совпадна со прославата на еврејската Пасха, поради што стотици илјади муслимани и Евреи ја посетија џамијата Ал Акса во Ерусалим, чиј комплекс е свет за двете религии.

Ал Акса е третото најсвето место за исламските верници, кое е изградено на врвот на ридот што, пак, е најсвето место и за Евреите, кои го нарекуваат Планина на храмот и со децении е главно жариште на израелско-палестинско насилство.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“