(ВИДЕО) Костовски: Мицкоски освен неконструктивност не покажува ништо друго, изборите ќе бидат во 2024 година

Од:

Пратеникот на СДСМ, Мартин Костовски, вели дека ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски освен неконструктивност не покажува ништо друго, и дека нивната единствена цел е политички профит по секоја цена.

„Опструкции, мотивирање на протести во криза и дестабилизација се единствено што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ можат и сакаат да понудат.

Таквите понуди нека си ги чуваат за себе, бидејќи не се за граѓаните

Денешната прес-конференција на Мицкоски покажа дека тој не е фактор на политичката сцена туку опортунист кој работи единствено за личен интерес и интерес на ВМРО-ДПМНЕ, секогаш на штета на интересите на граѓаните.

Прес-конференцијата на Мицкоски требаше да се одржи за судските пресуди против функционери на ВМРО-ДПМНЕ, за црната листа на САД, кој го потврдуваат степенот на криминал во неговата партија.

Мицкоски не треба да нуди неспособни тимови составени од бројни соработници на Никола Груевски и лица против кои се водат судски процеси.

Доволно е кај него и во раководство на ВМРО-ДПМНЕ да има свест и доблест, да не отежнуваат и блокираат во услови кога Владата се бори со економски кризи веќе трета година по ред.

Неговиот тим на градоначалници е вистинска слика и прилика што може да се очекува од ВМРО-ДПМНЕ како власт што е еднакво на катастрофа.

Општините кои тој ги нарекува „слободни територии“ во суштина се поле за груба партизација на институциите со кадри од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата е фокусирана на менаџирање на кризата и заштита на стандардот на граѓаните и средба во моментов воопшто не е потребна.

Изборите ќе бидат редовни во 2024 година и тоа прашање е затворено“, вели Костовски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

Мицкоски: Остануваме на ставот за една изборна единица

Мицкоски: Никој однапред не може да има увид во говор на првата дама на САД

Мицкоски: Цената на горивата се очекува да има влијание врз инфлацијата, но не големо

Горан Наумовски

Мицкоски: Можно е повлекување на мазут од државните резерви

Мицкоски: Владата не размислува за отворање на Уставот