Брнабиќ: Американските власти не и поставија ултиматуми на Србија за санкции кон Русија

Од:

Премиерката на Србија Ана Брнабиќ изјави дека американските претставници кои неодамна го посетија Белград не и поставија ултиматуми на Србија во врска со воведувањето санкции против Русија, јави дописникот на МИА од Белград.

– Тоа го немам слушнато од 2017 година кога станав премиерка. Ние и САД имаме различни ставови за санкциите против Русија, а за тоа прашаа и американските сенатори и Карен Донфрид (помошникот државен секретар на САД за Европа и Азија), а нашиот одговор е принципиелен и во согласност со најдобрите интереси на нашата земја, народ и економија, изјави Брнабиќ за телевизија Хепи.

Таа оцени дека честите посети на американски претставници на Србија го покажуваат поголемото присуство на САД на Западен Балкан и нивниот страв дека каква било криза од Источна Европа ќе се прелее и во регионот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада