Канада на списокот со санкции додаде уште 203 претставници на самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск

Од:

Канада додаде уште 203 претставници на самопрогласените народни републики Доњецк и Луганск на списокот со санкции, како дел од канадските санкции поврзани со ситуацијата во Украина.

На списокот со санкции се и министри на самопрогласените републики. Санкциите опфаќаат замрзнување на евентуални банкарски сметки во Канада и забрана за влез во земјата.

Во соопштението на канадското Министерство за надворешни работи се наведува дека од 24 февруари 2022 година Отава вклучила повеќе од 1.000 поединци и компании од Русија, од Белорусија и од Украина на списокот со санкции поради ситуацијата во Украина. Исто така се наведува и дека Канада има намера да продолжи со политиката на санкции против Москва поради ситуацијата во Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот