Прекинот на испораката на гас за Бугарија не влијае на испораките за Унгарија

Од:

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека одлуката на руски Гаспром да ја прекине испораката на гас за Полска и Бугарија не влијае на испораката на гас од Русија за неговата земја.

Сијарто во видео изјава на Фејсбук рече дека одлуката може да биде загрижувачка, но оти испораките на гас за Унгарија преку Бугарија ќе продолжат.

– Сакам да ги уверам сите дека прекинот на испораката на гас за Бугарија не значи прекин на транзитот низ Бугарија, рече тој.

Руската државна компанија за гас „Гаспром“ потврди дека ги известила Бугарија и Полска дека ги прекинува испораките на гас затоа што не платиле за него во руски рубљи и оти секое преземање на гас наменет за трети земји ќе резултира со намалување на обемот на транзитот.

Сијарто изјави дека Унгарија добива 3,5 милијарди кубни метри руски гас годишно преку гасовод што минува низ Турција, Бугарија и Србија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Ликвидирани се киднаперите од истражниот затвор во Ростов на Дон

Заложничка драма во истражниот затвор во Ростовската област

Горан Наумовски

Кина е најголем инвеститор во Унгарија

САД и Јужна Кореја загрижени за посетата на Путин на Северна Кореја

Истражување: 89 отсто од Русите би поддржале криминализација на семејното насилство

Руско-израелски новинар доби забрана за влез во Србија: „Ми дадоа документ дека сум безбедносен ризик“

A1on