Пронајдена дрога во Тетово, приведен дилер

Од:

Полицијата во Тетово вчера го привела 51-годишниот тетовец Г.Г. затоа што при преглед му бил пронајден над еден килограм марихуана. Марихуаната била пронајдена во неговиот ранец и во објект во близина, распоредена во различни садови и кеса, а пронајдени, исто така биле и зипер кеси.

Тетовецот Г.Г. задржан е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен поднесок за “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”, казниво по член 215 од Кривичниот законик.Со соодветен поднесок тој денеска (27 април) ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.

Би можело да ве интересира

Исчезнаа 15-годишно девојче и нејзиното новороденче

Скопјанец паднал од тротинет, два дена не отишол во болница, починал

Запленет кокаин во Гевгелија, лишен од слобода дилер, одреден му е притвор

Ја удрил со ретровизор, починала веднаш, возел со 99% слепило и без дозвола

Кумановец загина во сообраќајна несреќа на патот Куманово-Крива Паланка

Кривични пријави за двајца од Велешта кои му се заканувале на пратеник од Струга

Катерина Ѓуровски