Испораките на руски гас за Полска се обновени откако беа прекинати рано утринава, покажуваат податоците на ЕУ, јавува Би-Би-Си.
Во еден момент денеска, физичките текови на гас долж гасоводот Јамал-Европа од Белорусија до Полска паднаа на нула, но потоа испораките на гас продолжија.
Полска вчера објави дека добила порака од Русија дека од денеска ќе го прекине снабдувањето со гас, откако Варшава одби да почне да плаќа за испораките во рубљи.