Шкријељ: Постигната е согласност за зголемување на платите во образованието, најважно е наставата да продолжи

Од:

Се потврди она што го говоревме, социјалниот дијалог е единствениот начин за постигнување на целите на синдикатите и доаѓање до прифатливи решенија.Постигната е согласност помеѓу Владата и СОНК за зголемување на платите во детските градинки, основните и средните училишта за 12 проценти, со ребалнасот на буџетот рече на прес конференција пратеничката на СДСМ Санела Шкријељ.

– Сега најважно е да продолжи наставата што поскоро, да се надополни загубеното и да се работи на трансформација во образованието. Најраното можно враќање на учениците е утре, среда, што значи 10 загубени денови од училишната година кои треба соодветно да се надоместат. Платите во образованието и детската заштита ќе се зголемат, СДСМ продолжува со политиките за покачување на платите на работниците вели Шкријељ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски