Градски совет: Во градот Чернихив досега загинаа 700 цивили

Од:

Повеќе од 700 цивили се убиени во северниот град Чернихив, изјави за Би-Би-Си шефот на градскиот совет Александар Ломако.

Три недели откако руските трупи поставија опсада на градот, на главните гробишта сè уште се копаат нови гробници. Две ниви се полни со гробови, а третата ја ископаа копачи кога бевме таму, пишува Би-Би-Си.

На околу една четвртина од гробовите покрај нив имало поставени цвеќиња, надгробни споменици, овошје и други предмети, што сугерира дека биле посетени од роднини на починатиот. Но, другите беа означени со табли на дрвени стапчиња со имиња, како и датуми на раѓање и смрт. Запознавме жена која ги бараше гробовите на нејзината сестра и сопругот, кои беа убиени во гранатирањето. „Тие беа мирни луѓе, беа танчери“, рече таа. Таа не знаеше дали нивните тела се пронајдени и каде се закопани.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород