Британски разузнавачи: Руските трупи не успеаја да постигнат голем напредок во изминатите 24 часа

Од:

И покрај зголемената активност, руските сили не постигнаа голем напредок во последните 24 часа бидејќи украинските контранапади продолжуваат да ги попречуваат нивните напори, се вели во најновиот извештај на разузнавачката служба на британското Министерство за одбрана.

Во него се истакнува дека руските воздушни и поморски сили „не воспоставиле контрола во ниту еден домен поради ефективноста на украинската воздушна и поморска одбрана што ја намалува нивната способност да постигнат забележителен напредок“.

И „покрај тоа што соопштија дека го освоиле Мариупол (во југоисточна Украина), продолжуваат да се водат тешки борби кои ги фрустрираат руските обиди да го заземат градот“.

Ова го „забавува нивниот посакуван напредок“ во источниот украински регион Донбас, додава разузнавачката служба.

Претходно оваа недела, Русија објави втора фаза од својата „специјална воена операција“ во Украина, во која ќе се фокусира на преземање контрола врз Донбас.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород