Жена од Шпанија двапати имала ковид за 20 дена, се заразила со две различни варијанти

Од:

31-годишна здравствена работничка од Шпанија двапати за 20 дена се заразила со Ковид-19 што е најмалото познато растојание во светот меѓу две инфекции, тврдат научниците.

Тестовите покажале дека таа е заразена со две различни варијанти – делта кон крајот на декември и омикрон во јануари. Ова покажува дека едно лице може многу брзо повторно да се зарази со Ковид-19, дури и ако претходно било заразено и вакцинирано.

Жената немала никакви симптоми по првиот позитивен ПЦР тест, но неполни три недели подоцна почнала да кашла и добила температура по што направила уште еден тест.

Понатамошната анализа на нејзините тестови покажа дека таа се заразила со два различни видови на Ковид во краток временски период.

Д-р Гема Ресио од институтот Катала де Салут во Шпанија на презентација на Европскиот конгрес за клиничка микробиологија и заразни болести изјави дека случајот покажал дека омикрон може „да го избегне претходно стекнатиот имунитет, без разлика дали е предизвикан од природна инфекција со други варијанти или вакцини. ”

„Со други зборови, луѓето кои имале ковид не треба да претпоставуваат дека се заштитени од повторна инфекција, дури и ако се целосно вакцинирани. Сепак, претходната инфекција со други варијанти и вакцинација изгледа делумно штити од тешки симптоми и хоспитализација во омикронски инфекции“, вели Ресио.

Таа додаде дека е важно да се следат пациентите кои биле целосно вакцинирани и кои биле повторно инфицирани со коронавирус бидејќи тоа помага да се идентификуваат варијанти кои успешно ја избегнуваат вакцината.

Бројот на реинфекции со ковид нагло се зголеми во декември 2021 година, откако се појави многу варијантата омикрон. Друг скок се случи на почетокот на март со појавата на подваријантата BA.2.

Би можело да ве интересира

Од почетокот на годината, смртноста од Ковид-19 е намалена за 95 отсто

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски

Во Америка се појави нова варијанта на омикрон, Германците предупредија за брзото ширење на вирусот

А1он

Папа Франциск: За време на пандемијата и војната во Украина, ОН ги покажаа своите ограничувања

Во Грција почнува имунизација со вакцини за новите подваријатни на Омикрон

А1он

Во Грција потврден првиот случај на „Кентаур“, нова подваријанта на Омикрон

А1он