Рама: Доколку ЕУ не сака да се ожени со нас, ќе останеме монахињи на Европа

Од:

Доколку ЕУ одбие да се ожени со нас, ние ќе остариме без никогаш да се венчаме. Ние ќе бидеме монахињи на Европа, изјавил албанскиот премиер Еди Рама во интеревју за германски Велт на прашањето за неотпочнувањето преговори за членство во унијата, пренесоа албански медиуми.

На прашањето дали ќе ги напушти трпението и ќе се свртат кон друга страна, на пример истокот, тој е категоричен дека „Албанија никогаш нема да се откаже од обидот да се омажи за ЕУ и со некој друг“.

Рама одговара и на констатацијата дека Албанија одржува блиски односи со Србија, која не ја осудила инвазијата во Украина, преку иницијативата „Отворен Балкан“ и прашањето до каде треба да оди Србија кон Русија, за да Албанија ја прекине соработката со неа.

-Србија не оди кон Русија. Напротив, зачудувачки, таа застана на страната на западот во осудата на руската агресија на Генералното собрание на ОН. Тоа е многу добар знак дека Србија трипати гласаше против Русија. Доколку Србија го направеше спротивното, тоа ќе беше тежок удар за нашата соработка, вели Рама.

Тој потсетува дека Европската комисија дава зелено светло веќе четири години, но некој во Советот на ЕУ „постојано вели не и процесот повторно замрзнува“.

-Ова се случува, на пример, кога се наближуваат национални избори. Некои влади на ЕУ се заложници на национал-популистичките наративи, на пример, ако ЕУ прифати нова членка, се повеќе и повеќе членки ќе се додаваат. Тоа е тактички маневар бидејќи се плашат од јавното мислење, констатира Рама.

Според него западен Балкан е оставен незаштитен бидејќи руското влијание е многу силно, не во Албанија, туку во Босна, Црна Гора и особено во Србија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он