ВМРО-ДПМНЕ: Две домашни за Каевски, да го праша Ковачевски зошто дозволи фашизам во Битола и да се описмени

Од:

ВМРО-ДПМНЕ му ја дава првата домашна задача на Каевски. 1. Да го праша Ковачевски зошто дозволи промоција на фашизмот во Битола. 2. Каевски треба да се описмени и да осознае која е причината за поставување на восочни фигури низ музеите ширум светот се вели во реакцијата на опозициската партија на денешната прес конференција на пратенкот и портапарол на СДСМ Дарkо Каевски.

– Го праша ли Каевски, Ковачевски, зошто дозволил промоција на фашизам од Бугарија во Битола? Ковачевски дозволил да се отвори клуб Ванчо Михајлов, а откако јавноста се крена против глуми загриженост. Владата на СДСМ и ДУИ поддржува фашизоидни тенденции, а Ковачевски дозволил да се отвори клуб Ванчо Михајлов мислејќи дека ќе помине неприметно. Откако јавноста силно се крена против отворањето на клубот Ванчо Михајлов, Ковачевски излезе со однапред снимено видео, 4 дена по настанот и глуми загрижен. СДСМ и ДУИ се спремни на се, само да останат на власт. А Каевски пред да излегува на прес конференции кои однапред му ги пишуваат да ги чита за да го оправда имотот треба да знае дека восочни фигури се ставаат во музеи за да дадат реален приказ на епохите низ историјата, кажувајќи кои биле позитивни, а кои негативни ликови, па така и со восочната фигура на Михајлов се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски