Актуелниот шампион, екипата на Пари Сен-Жермен вечерва му гостува на поранешниот шампион Монпеље во натпревар со кој ќе биде отворена сезоната 2013/14 во Француското фудбалско првенство.
Почетокот на оваа средба е во 20 часот и 30 минути.
Во првото коло ќе гостуваат засилениот Монако и Олимпик Марсеј, а единствено од фаворитите за титулата на домашен терен ќе игра Олимпик Лион.
Двојки за саботните дуели:
Бордо – Монако,
Евиан – Сошо,
Лил – Лориен,
Олимпик Лион – Ница,
Нант – Бастија,
Рен – Ремс,
Валенсиен – Тулуз.
Два натпревара се закажани за в недела:
Ајачио – Сент Етиен,
Генгамп – Олимпик Марсеј.