ВМРО-ДПМНЕ: Кога криминалците се чувствуваат со Спасовски како едно, ограбуваат магацин за оружје

Од:

Кога криминалците се чувствуваат со Спасовски како едно, ограбуваат магацин за оружје без да има одговорност за некого.Спасовски не е способен да ја чува муницијата и бомбите на МВР, оружје му е украдено од полициски магацин, а тој два дена молчи. Или е целосно неспособен или грабежот е направен со негов амин велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– 50 тина бомби, рачни гранати, муниција и друго оружје е украдено од магацинот на полицијата во Охрид, што е полициски објект, кој треба да биде најбезбедното место во Охрид. И 2 дена по грабежот Спасовски молчи. Ова само говори дека или не знае што да каже зошто е неспособен или ги крие извршителите. Дополнителен проблем е фактот и прашањето, на кого му требаат толку бомби, рачни гранати, муниција и оружје? Каде ќе биде употребено оружјето кое е украдено од охридската полиција, и за какви се кривични дела. Кражбата во полициската станица во Охрид е тежок шамар за МВР, Спасовски и Ковачевски. Кражбата на оружје од станица покажува колку се неспособни Спасовски и Ковачевски се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

(ВИДЕО) Манасиевски: Трагедијата со автобусот на „Беса Транс“ можеби ќе беше спречена ако Спасовски реагираше на време

Кривична пријава за Оливер Спасовски за станицата во Сарај каде технички преглед правеле автобусите на „Беса транс“

Катерина Ѓуровски

Спасовски: Игнорирањето е најлош можен пристап кон семејствата на загинатите

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски