Експлозии кај Киев, напади на повеќе украински градови

Од:

Најмалку двајца цивили загинаа, а четворица се ранети во руските напади низ Украина. Напади имало и во предградијата на Киев, соопштија денеска локалните власти.

Едно лице загина, а тројца се повредени во ракетниот напад на источниот регион Луганск, објави на Телеграм гувернерот на таа област Серхи Гајдаи.

Оштетени се гасоводите кон Лисичанска и Северодоњецк кои се без вода и гас, напиша Гајдај во соопштението и го повика населението на евакуација.

Евакуирајте се додека е сè уште можно“, напиша тој на Телеграм, додавајќи дека автобусите чекаат.

Едно лице е убиено, а друго е рането во село во близина на Полтава, главниот град на истоимениот централен регион, изјави гувернерот на таа област Дмитро Лунин во изјава за Телеграма.

Експлозиите се слушнале утрово во украинскиот главен град на север и во западниот град Лавов, каде што засега нема информации за жртви.

Спасувачките и медицинските екипи работат на местото на експлозијата во предградието на Киев, соопшти во онлајн соопштение градоначалникот на украинската престолнина Виталиј Кличко.

Експлозијата се случила во киевскиот кварт Дарнички, наведе Кличко, додавајќи дека се проверуваат информациите за жртвите.

Русија ги негира обвинувањата дека напаѓа цивили и цивилни цели во Украина од почетокот на инвазијата и ги нарекува западни и украински обвинувања за масовни гробници со тела на убиени цивили измислени.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород