Шанса за Центар: Институциите да ги расчистат сомнежите за пожарот кај „Треска“

Од:

Од граѓанската иницијатива „Шанса за Центар“ бараат институциите да ги расчистат сомнежите за пожарот кај „Треска“.

„Старите хали повторно горат кога е во ек јавна дискусија за тоа што ќе се случува понатаму со „Треска“, а се шират и сомнежи дека пожарите се подметнати. Ги очекуваме надлежните институции, Министерството за внатрешни работи, Противпожарната бригада и Град Скопје детално и брзо да се изјаснат за тврдењата дали последниот пожар е подметнат.

Ги повикуваме надлежните институции и Државниот инспекторат за животна средина да утврдат какви материи се чуваат во кругот на поранешната фабрика и дали претставуваат опасност за избувнување на пожари или за здравјето на луѓето кои живеат во околината на „Треска“, па и во целата општина. Бараме институциите да ја информираат јавноста дали сопствениците на објектите и на земјиштето имаат обврска да го расчистат отпадниот материјал од нивните имоти со цел да се намали опасноста за граѓаните.

Шанса за Центар смета дека одолговлекувањето на постапката за носење нов урбанистички план за подрачјето на „Треска“, придонесува за продолжување на неизвесноста и ја зголемува можноста за нови несакани случувања.

Бараме општината да не тактизира со објавувањето на конкурсните решенија, туку во согласност со одлуката на Советот да организира јавна презентација на трудовите со кои се нуди поквалитетно решение за подрачјето и подобри услови за достоинствен живот на сегашните и идните жители“, велат од Шанса за Центар.

Би можело да ве интересира

Активни се четири пожари низ државава, седум се под контрола

Горан Наумовски

Изгаснат е пожарот на границата со Бугарија

Горан Наумовски

Поради пожар во Њивице во близина на Херцег Нови, туристите се евакуираат од хотелот со бродови

Пожар во центарот на Скопје, седум лица побарале медицинска помош

Горат пожари во Василево, Македонски Брод, Прилеп, Липково, Битола…

Горан Наумовски

Затворен за сообраќај автопатот од наплатна Миладиновци до клучка Бунарџик во двата правци

А1он