Москва отвора кривични постапки за наводно мачење руски војници во Украина

Од:

Рускиот истражен одбор денеска информираше за отворање кривични постапки поради наводно мачење, извршено од украински сили над руски војници, додека Москва продолжува со воената кампања во Украина.

Според наведеното, украинските сили заробиле руски војници во регионите на Запорожје и Миколаев и тие биле незаконски држени од украинската безбедносна служба.

„Русите биле подложени на физичко насилство и мачење, со цел да се натераат да дадат лажни објаснувања за фактичките услови на нивното незаконско задржување во просториите на Службата за безбедност на Украина, како и за (руската) специјална воена операција“, пишува во соопштението.

Се проверуваат сите информации околу постапување со воени заробеници, тврди Украина, ќе се истражат сите неправилности и ќе се преземат соодветни правни дејствија.

Александар Бастрикин, водачот на Истражниот одбор, денеска нареди истрага и за наводно украинско гранатирање цивили во самопрогласената Нарона Република Луганск, додека лицата се евакуирале преку соседниот регион Харков.

На 24 февруари, Русија испрати десетици илјади војници во Украина, во „специјална операција“ за, како што се тврди, демилитаризација и ослободување на Украина од националистичките екстремисти.

Украинските сили пружија силен отпор, а Западот воведе сеопфатни санкции против Русија, обидувајќи се да ја присили да се повлече.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород