Светската здравствена организација (СЗО) му додели награда на кинескиот минстер за здравство Чен Џу, поради неговите заложби во борба против пушењето во Кина, каде оваа појава е една од најтаспространетите зависности.
Министерството за здравство на Кина ги зајакна напорите да се намали пуштењето и употребата на цигарите, така што воведе забрана за пушење во своите згради и во болниците и иницира кампања за слични забрани на аеродромите и во другите јавни објекти.
Меѓутоа, контролата на употреба на цигари е тешко спроведлива во земја која има огромни приходи од државниот тутунски монопол, кој директно со масовно рекламирање ги минира мерките за борба против пушењето.
СЗО соопшти дека на Чен Џу ќе му додели специјална повелба на церемонија што ќе се одржи утре и на која ќе присуствува и шефот на Организацијата, Маргарет Чан.