Од 25 април повторно ќе сообраќа меѓународниот воз на линија Софија-Истанбул. Одлуката е донесена откако раководствата на Бугарските железници и Турските железници (ТЦДД) се договорија возот повторно да стартува пред почетокот на летната сезона, пренесува БГНЕС.
Меѓународниот воз од Истанбул ќе тргне во 22.00 часот на 25 април и ќе пристигне на централната станица во Софија во 09.35 часот. Во спротивна насока од Софија кон Истанбул, возот ќе тргне според распоредот во 18.30 часот на 26 април и ќе стигне до крајната дестинација Истанбул во 07.00 часот.
Овој воз ќе сообраќа со вагони за спиење и купе вагони, а од 3 јуни за летната сезона се планира да вклучи директен вагон за патување меѓу Букурешт и Истанбул.
Извор: МИА