Фудбалската репрезентација на Македонија бележи напредок од три позиции на најновата ранг листа на ФИФА објавена денеска.
Иако во меѓувреме не одигра ниту еден натпревар, македонската фудбалска репрезентација напредуваше три позиции на ранг листа, па сега е 89-то рангирана.
Од селекциите кои се противниците на Македонија во квалификациите за Светското првенство во Бразил и натаму најдобро рангирана е Хрватска која на 8. место. Белгија е 10-та, а Србија е 41-ва. Подобро рангирани од нашата репрезентација се и селекциите на Велс 46-та и Шкотска, која е на 50-место.
Македонската репрезентација ќе има можност да го поправи својот пласман веќе на 14 август, по пријателскиот натпревар против Бугарија, кој ќе се игра на арената „Филип Втори’’ во Скопје.