Нокиа се повлекува од Русија

Од:

Нокиа, производителот на телекомуникациска опрема, се повлекува од рускиот пазар. Ова за Ројтерс го потврди шефот на менаџментот на Нокиа, Пека Лундмарк. Одлуката ќе влијае на околу 2.000 работници, рече тој.

„Гардијан“ вели дека телекомуникацискиот сектор бил изземен од дел од санкциите поради хуманитарни причини, но Нокиа рече дека заминувањето од Русија „е единствената опција“.

„Ние едноставно не гледаме можност да продолжиме да работиме во Русија под сегашните околности“, рече Лундмарк.

Тој рече дека не знае колку долго ќе трае повлекувањето на Нокиа од Русија.

Би можело да ве интересира

Путин не ја дава нуклеарката во Запорожје, ниту на Украина, ниту на Трамп

Зеленски: Примирје веќе ќе имаше доколку имаше вистински притисок врз Русија

АП: Русија подготвува нова офанзива

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Зеленски му одговори на Трамп: Нема да ги вратиме парите

Предраг Петровиќ

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина