Министерството за труд и социјална политика, ја известува јавноста дека утрово започна најавениот штрајк во јавните предучилишни установи за деца- детски градинки. Од вкупно 75 Јавни установи за згрижување и воспитание на деца од предучилишна возраст, штрајкот на дел од вработените се одвива во 54, а во 21 Јавна установа вработените воопшто не се приклучија кон штрајкот организиран од СОНК.
Само во една односно во ЈОУДГ „Детска Радост“, Гази Баба, Скопје, воопшто во текот на денот не се згрижуваа деца, а во ЈОУДГ „Пролет“ Карпош, се згрижуваа деца само во еден објект. Во сите останати предучилишни установи и покрај одржување на штрајкот на вработените во градинките, непречено се одвива згрижувањето и воспитанието на децата информираат од МТСП.