Руската новинарка која ја критикуваше војната доби работа во Германија

Од:

Руската новинарка Марина Овсијаникова, која стана руска икона на отпорот против војната во Украина кога испрати силна порака среде вестите на про-Кремљ телевизија, во иднина ќе известува од Украина и Русија за германскиот дневен весник „ди Велт“, јави денеска весникот.

Овсијаникова ќе пишува за весникот и ќе дава прилози за телевизискиот канал на овој германски медиум.

-Марина Овсијаникова имаше храброст да се појави пред телевизиските гледачи во клучен момент и да им даде увид во суровата вистина за војната во Украина, изјави Улф Пошарт, главен уредник на групацијата „Велт“.

„Со тоа, таа ги бранеше најважните медиумски вредности, и покрај државната закана со репресија“, рече Пошарт.

„Велт“ го претставува тоа што неколку храбри луѓе на теренот го бранеа со таков жар – слободата. Како новинар сметам дека е моја задача да ја бранам таа слобода“, напиша Овсијаникова .

Марина Овсијаникова (43) во средината на март се појави во студиото на најгледаниот ТВ дневник во Русија и шест секунди држеше транспарент зад водителот против војната во Украина за да даде широк увид во поинаквиот поглед на војната од оној што го претстави моќната руска пропаганда.

Таа накратко беше уапсена и осудена на парична казна, а потоа пуштена. Таа ја напушти својата телевизиска станица и се соочува со кривична пријава за обвинение за кое следи долгогодишна затворска казна, наведена во рускиот закон за „ширачите на лажни вести“ против руската војска.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород