ВИДЕО: Русите тврдат дека уништиле ракетни фрлачи кои Украина ги добила од европска земја

Од:

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека нивните сили уништиле ракетни фрлачи на противвоздушни С-300 испратени во Украина од европска земја.

Русите објавија дека четири ракетни фрлачи С-300, кои биле скриени во хангари во предградието на Днепар, биле уништени со ракети „Калибар“, лансирани од морето. Тие објавија и снимка од наводниот напад. Руското Министерство за одбрана не соопшти која европска земја испратила ракетни фрлачи С-300 во Украина, но соопшти дека во нападот загинале 25 украински војници.

Русите тврдат дека уништиле и две складишта за муниција кај Миколаив и Жовтневе и собориле два украински борбени авиони Су-25 кај Изум.

Тие наведуваат и дека собориле украински воен хеликоптер недалеку од Херсон и дека со прецизни проектили ја уништиле фабриката за поправка на воена опрема во Велика Новоселовка.

„Од почетокот на специјалната воена операција уништивме 129 авиони, 243 системи за противвоздушна одбрана, 441 беспилотни летала, 2.079 тенкови и други оклопни возила, 239 повеќецевни ракетни фрлачи, 909 топови и минофрлачи и специјални воени возила од 2003 година. соопшти руското Министерство за одбрана.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород