Украина: Русите украле смртоносни радиоактивни материи од Чернобил

Од:

Украина соопшти дека руските сили кои ја окупирале поранешната нуклеарна централа во Чернобил украле радиоактивни материи од истражувачките лаборатории кои би можеле да ги убијат, пишува Си-Ен-Ен.

Украинската државна агенција за управување со исклучените зони објави на Фејсбук дека руски војници влегле во складиштето на истражувачката база Екоцентар и украле 133 високо радиоактивни материи.

„Дури и мал дел од нив е смртоносен доколку се постапува непрофесионално“, соопшти агенцијата, додавајќи дека „моментално не е позната локацијата на украдените предмети“.

Би-би-си, кој ја пренесе веста, не може самостојно да го потврди ова.

Претходно оваа недела, украинскиот министер за енергетика Герман Гулашченко изјави дека руските војници биле изложени на шокантно количество нуклеарно зрачење, велејќи дека некои од нив можеби имаат уште помалку од една година живот.

„Тие копаа гола земја загадена со радијација, собраа радиоактивен песок во вреќи за утврдување, ја вдишуваа оваа прашина“, рече Гулашченко на Фејсбук во петокот по посетата во зоната на исклучување.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород