Британците објавија нова мапа: Важни промени, Украина е во контранапад

Од:

Британското Министерство за надворешни работи објави нова мапа заснована на сопствени разузнавачки информации за ситуацијата на боиштата низ Украина.

На почетокот на оваа недела, на британските мапи во неколку наврати беа забележани големи промени на северот. Денес на север, според британските разузнавачи, нема повеќе руски војници или борби на теренот (освен бомбардирањето на градовите). Целиот север на Украина Британија го смета за област под украинска контрола.

Но, денес, некои важни промени се видливи на југ. Имено, Британците забележаа два украински контранапади на крајниот југ на земјата, а забележана е и една значајна промена. Уште вчера, Британците сметаа дека областа северно од градот Херсон е територија под контрола на Русија. Денеска наведуваат дека на тој простор се водат борби.

Со недели се зборува дека Украинците би можеле да се обидат да го ослободат градот Херсон, најголемиот град што Русите досега го окупирале. На периферијата на градот се водат жестоки борби, а од првиот ден на окупацијата се евидентирани неколку протести против руската окупација внатре во градот.

Денешната промена на британската мапа покажува дека битката за Херсон навистина може да се води во блиска иднина.

10 април 2022
9 април 2022

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород