Снег вее во зимскиот центар „Пониква“ над Кочани. Утрово невремето почна со дожд кој околу пладне, кога температурата се симна на -1, премина во снег. Веќе се формира снежна покривка, а локалците велат дека е можно продолжување на скијачката сезона која прекина пред десетина дена кога се качија температурите.
Вчера на Пониква температурата беше 25 степени, а посетителите се шетаа по кратки ракави. Денес кратките ракави ги заменија со зимски јакни.
Невремето предвреме ги испразни хотелите, гостите побрзаа да се симнат од планината додека е прооден патот.
Зимскот центар „Пониква“ е на 1600 метри надморска височина.