Источно од Харков, сателит снимил голем руски конвој

Од:

Сателитски снимки направени и анализирани од Maxar Technologies покажуваат десет километри долг руски воен конвој источно од Харков. Снимката на Maxar е направена на 8 април во близина на градот Велки Бурлук, неколку десетици километри источно од Харков. Конвојот се движел кон југ, пишува CNN.

Maxar рече дека конвојот содржел оклопни возила, камиони, артилерија и дополнителна воена опрема.

Да потсетиме, по повлекувањето на руските сили од околината на Киев, се очекува дел од силите да бидат префрлени во источна Украина за да ги интензивираат руските напади таму. Не се знае точно каде оди овој конвој.

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород