Италијанскиот фудбалер Гаетано Јанини, кој е член на нисколигашот Матери, е суспендиран на десет натпревари, поради расизам.
Ова е прва примена на новиот закон, усвоен во јуни, со кој најстрого се забранува и казнува расната дискриминација.
Јанини заработи црвен картон по инцидентот во кој на расна основа навредувал противнички играч од екипата на третолигашот Судтирола, во натпревар од фудбалскиот Куп на Италија одигран во саботата.
Претходно суспензија за ист случај доби и напаѓачот на Ливеруп, Луис Суарез. Уругваецот во 2011 година беше казнат со осум натпревари забрана за настап, поради навреди на расна основа, упатени кон Французинот Патрис Евра, член на Манчестер Јунајтед.