Над 132 тела на цивили се пронајдени во масовни гробници во Макарив

Од:

Најмалку 132 тела на цивили се пронајдени во украинскиот град Макарив, изјави градоначалникот на градот Вадим Токар.

Тој во телевизиско интервју истакна дека повеќето тела биле ексхумирани од масовните гробници, но и дека некои се пронајдени на улиците.

Макарив се наоѓа на околу 50 километри западно од Киев и пред војната имал население од околу 15.000 луѓе.

Градоначалникот додаде дека поради борбите во изминатите недели, населението се намалило на 1.000 и дека околу 40 отсто од зградите во Макарив се оштетени, а повеќето од нив не можат да се поправат.

– Окупаторите ја уништија речиси целата инфраструктура, бомбардираа домови и станбени згради, целосно уништија болници и градинки, нагласи Токар.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород