Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси е позитивна на тестот за Ковид-19, се вели во соопштението од нејзиниот кабинет.
„Откако тестирањето беше негативно оваа недела, спикерот Пелоси има позитивен резултат на тестот за Ковид-19 и е асимптоматски“, објави нејзиниот портпарол Дру Хамил на Твитер. „Таа е вакцинирана со двојна доза и со заслувачка доза“.
„Пелоси ќе биде во карантин согласно упатствата на ЦДЦ и ги охрабрува сите да се вакцинираат, да примат засилувачка доза и редовно да тестираат“.
Инфекции со Ковид-19 силно го погодија Вашингтон во изминативе денови, јавија локални медиуми.
Извор: МИА