Тупанчески тврди дека фактурата за сместувањето ја добил на 24. март пред да отпатува, а тогаш бил втор ден во Палермо

Од:

Ако фактурата за сместувањето (аранжманот), министерот за правда Никола Тупанчески ја добил на 24. март, како што самиот кажа, би значело дека му била испорачана додека бил во Палермо, а не пред да отиде на патувањето. Со тоа, неточна би била неговата изјава дека од агенцијата „Гуливер“ му издале фактурата пред да замине на патувањето. Според информации на „А1он“, министерот во тој момент втор ден шетал низ улиците на Палермо, бидејќи заминал на 22.март.

Доколку се направи споредба со датумите, хронологијата покажува дека Тупанчески заедно со обвинителката Фатиме Фетаи, судијата Лазар Нанев, генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ на 22. март заминале за Палермо. Но, Тупанчески за „А1он“ рече дека фактура добил пред патувањето, односно на 24. март.

„Дадена е пред патувањето, подмирена е во рокот што е наведен во фактурата. Нека биде ексклузивно, доставена е на 24, а натпреварот беше на 25“, рече Тупанчески.

Со проверка, може да се види дека на 24. март немало никаков лет од скопскиот аеродром до Палермо. Истовремено, може и да се потврди дека на 22. март околу 19 часот вечерта се објавени првите вести со наслов „Македонските фудбалери пристигнаа во Палермо“. Министерот и останатата делегација, беа во истиот авион со нив.

Принтскрин од објавена вест

На сајтот од „ТАВ“ може и да се потврди дека летот бил на 22.март во 17 часот.

Од сајтот на „ТАВ“ се гледа дека чартер-летот бил на 22.03.2022 година, два дена пред датумот на кој Тупанчески вели дека му била доставена фактура

Фактурата која Тупанчески тврди дека ја добил пред патувањето, во ден кога бил во Палермо и се играше натпреварот меѓу Македонија-Италија, остана далеку од очите на јавноста. За неа и начинот на плаќање има многу прашања. Втора недела, „А1он“ чека од министерот да ја покаже на јавноста. Тој смета дека не треба да го направи тоа, а сака да се правда само пред Владата која од него бара информации за неговото навивање.

Министерот за правда Никола Тупанчески за „А1он“ призна дека не ја платил картата за чартер-летот и влезот на стадионот во Палермо. Фактурата за аранжманот, односно сместувањето ја платил откако целата јавност го виде на трибините, односно по четири денови од одржувањето на натпреварот. И покрај ова признание, тој и натаму тврди дека не го прекршил Етичкиот кодекс во кој има ограничувања до која вредност може да се примаат подароци, но и под кои услови.

Би можело да ве интересира

УО на ФФМ закажа Изборно Собрание на 22 декември, Масар Омерагиќ ќе го наследи Муамед Сејдини?

Горан Наумовски

Превирања во ФФМ: Членови на Управниот одбор бараат итна седница

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Нападот на Сејдини е без преседан, тој е истакната спортска личност и првиот Албанец на чело на ФФМ

Горан Наумовски

Игор Филков ја презеде функцијата- министер за правда

ФФМ: Длабоко сме загрижени и го осудуваме националистичкo скандирањe на Мирлинд Даку

Горан Наумовски

Дали Муареми бил уапсен во Дубаи, па пуштен на слобода – Официјални информации се уште нема

Александар Тодески