Перуанскиот претседател Педро Кастиљо објави денеска полициски час за главниот град Лима и соседен пристаништен град по демонстрациите од вчера кои предизвикаа блокади на патиштата и „акти на насилство“.
„Со оглед на актите на насилство што некои групи сакаа да ги создадат… и со цел да се воспостави мир… Советот на министри ја одобри декларацијата за воведување полициски час од 02:00 до 11:59 часот попладне во вторник, 5 април“, нагласи Кастиљо во телевизиската порака.
Извор: МИА