Над 80 отсто од бегалците од Украина во Германија се жени

Од:

Околу четири петтини од бегалците од војната во Украина се жени, покажуваат резултатите од истражувањето нарачано од Министерството за внатрешни работи на Германија.

Од воведувањето на воената состојба по руската инвазија на Украина, на мажите на возраст меѓу 18 и 60 години им беше забрането да ја напуштат земјата.

Според истражувањето, 84 отсто од луѓето од Украина кои побарале засолниште во Германија се жени или девојчиња. Педесет и осум отсто од испитаниците рекле дека побегнале заедно со своите деца. Најголем дел од 17 отсто бегалци кои се регистрирани како без придружба се постари лица.

Речиси четвртина од испитаниците изјавиле дека престојуваат кај пријатели, додека една петтина рекле дека престојуваат кај роднините. Уште 22 отсто од испитаниците рекле дека живеат во други приватни домови. Останатите бегалци живеат во големи групни сместувања или хотели, меѓу другите места.

Според податоците, собрани меѓу 24. и 29 март, нешто помалку од една третина од бегалците очекуваат дека наскоро ќе можат да се вратат во Украина.

Германската полиција официјално регистрирала 306.836 бегалци од Украина од инвазијата на 24 февруари.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Тотален колапс: Колони луѓе бегаат од Украина

ВИДЕО: Голем украински напад на Крим, експлозии во два руски града

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Зеленски ги откажа сите патувања, Русите влегуваат во Вовчанск, украинските сили се повлекуваат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Украинците се потешко ја бранат харковската област: Ги искористивме сите сили, на работ сме

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Снимки од упадот на руските сили во Вовчанск, се водат улични борби

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нов украински напад на Белгород