Бериша нема да поддржи кандидат на социјалистите за претседател на државата

Од:

Поранешниот албански претседател, експремиер и актуелен пратеник, демократот Сали Бериша, одговарајќи на новинарско прашање рече дека нема да поддржи кандидат за нов шеф на државата, доколку биде предложен од владејачката социјалистичка партија (ПС).

– Не се занимавам со предлозите на Рама, ние се занимаваме со вистинските работи, а не со озборувања. Ние никако нема да гласаме за кандидат на Рама. Да се гласа за кандидат на Еди Рама значи да се донесат копии од него во претседателската резиденција, одговори Бериша.

Тој отфрли каква било можност за консензус со Рама.

– Консензус со Рама е исто како да се бакне Јуда. Тој страда од комплекс на смрт, дури и во сон е преплашен од мене, рече тој.

На потпрашање како ќе го победи, Бериша рече „како што го победив и двапати претходно“.

Владејачките социјалисти деновиве соопштија дека почнале консултации околу кандидат за нов претседател, за што веќе имаат формирано работна група.

– Според Уставот, процесот за избор на претседател мора да почне најдоцна до 24 мај. Во овој контекст, ПС, која е лидер во овој процес, бидејќи е мнозинство, ќе развие соодветен процес. Овој процес треба да биде отворен за консултации, нормално во рамки на албанскиот Парламент и ќе разговараме со другите пратенички групи, рече Таулант Бала координатор на пратеничката група.

Петгодишниот мандат на актулниот претседател Илир Мета завршува на 24 јули, а законодавниот дом еден месец пред тоа треба да има избрано негов наследник.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Опозицијата запали собраниски столици пред албанскиот парламент

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

Партијата на Македонците бара албанската влада да ја забрани фондацијата „Бугарска меморија“