Ковачки: Каков напредок слават бугарските историчари, Ковачевски да каже што е договорено за Цар Самоил

Од:

Каков е тој напредок за кој слават бугарските историчари? Од бугарската комисија тврдат дека за Цар Самоил е завршена работа, а Ковачевски молчи. Што точно е прифатено, и кој е договорот за Цар Самоил? Дали тоа е причината на радоста во Софија, а за молкот во Македонија праша на прес конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

– Ковачевски и Османи преговараат без да ја запознаат опозицијата, Собранието и јавноста. Владата води преговори кои може да задираат во македонскиот идентитет, јазик и историја зад целосно затворени врати. Јавноста се информира за преговорите од бугарските политичари и историчари и нивните изјави во медиумите. Бугарите си ги информираат своите граѓани, а македонската страна молчи. Доколку Ковачевски е искрен кон народот и кон државата, тогаш ќе побара веднаш писмени гаранции за македонскиот идентитет, историја и јазик и од Бугарија и од ЕУ. Водење на преговорите на ист начин како и до сега, само ќе ги потврди сомнежите дека Ковачевски и Османи тргуваат со македонските национални интереси. Токму затоа Ковачевски да ја информира јавноста што до сега се преговарало и договорило, а Османи да го стори тоа пред пратениците рече Ковачки.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања