Албанскиот претседател Илир Мета учествувајќи на трибина со млади изнесе податок дека над 90 отсто од младите размислуваат да ја напуштат земјата.
– Со задоволство ја прифатив поканата на Стручната академија “ЕЛИТА” да разговарам со десетици млади во врска со најголемата драма што се случува во земјава а тоа е депопулацијата, објави Мета на Фејсбук.
Со нив, додава, ги споделил загрижувачките податоци на Галуп, според кои заминувањето на младите од земјата достигнува бројка и до 70 отсто.
Исто така, според него, над 90 отсто од анкетираните млади лица изјавиле дека сериозно размислуваат да ја напуштат Албанија, за еден подобар живот за поквалитетно образование или подобра работа.
– Затоа ги повикав нив и нивноте врсници во целата земја, да се организираат и да бидат локомотива на промени и добро владеење, кои ќе донесат надеж, доверба, благосостојба и напредок. Младите да ја преземат контролата над сопствената и судбината на државата, за да ја запрат депопулацијата, наведува Мета.
Извор: МИА