Промоција на билатералната соработка со Кралството Норвешка

Од:

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи, денеска во рамки на официјалната посета на Кралството Норвешка, ја инаугурираше Македонско – Норвешката трговска комора.

На настанот присуствуваа повеќе реномирани норвешки компании кои имаат отворени бизнис релации со Р. Северна Македонија, меѓу кои Normak, Innovation Norge, Pemco, Norske Solar, Exco, Sparpark, SM Enterprenour/Recover.

Исто така на свечоноста учествуваа и претставници од Министерството за надворшни работи на Норвешка меѓу кои Арне Санес Бјорнштад кој е специјален пратеник за Западен Балкан, Кристин Мелсом Директор за југоисточна Европа при МНР на Норвешка и други.

За време на состанокот Османи истакна дека актуелните инвестиции на Innovation Norge во Нормак и потенцијалните инвестиции на споменатите компании, како и воспоставувањето на Македонско – Норвешката трговска комора ќе дадат силен поттик на бизнис заедниците за нивна поблиска и поинтензивна соработка со што ќе се придонесе кон зголемување на трговската размена.

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

Синот на норвешката принцеза e осуден за силување

Норвешка бара од ФИФА да го истражи доделувањето на наградата за мир на Доналд Трамп

Макрон нацрта нуклеарна мета врз Норвешка

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

Масовниот убиец Брејвик повторно го смени името