Францускиот претседател Емануел Макрон планира да одржува дијалог со рускиот лидер Владимир Путин за да помогне во решавањето на украинската криза, изјави францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан во интервју за „Фигаро“.
На прашањето дали Макрон треба да одржува дијалог со Путин, тој одговори потврдно.
– Да, затоа што треба да покажеме упорност и решителност да создадеме врски кои еден ден би помогнале да се изгради дијалог меѓу Путин и украинскиот претседател Зеленски, рече шефот на француската дипломатија.
Извор: МИА